Изгласана преодната влада со министри од СДСМ

by fokus

Пратениците на денешната собраниска седница ја изгласаа преодната влада договорена како еден од условите за одржување на избори на 11 декември.

Како министри од редовите на СДСМ се вратија Оливер Спасовски во министерството за внатрешни работи и Фросина Ременски во министерството за труд и социјална политика.

Кире Наумов е дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Поврзани новости