Изгласан Законот за заштита од дискриминација

by fokus

Со 70 гласа за и ниту еден против вечерва беше изгласан Законот за заштита од дискриминација.

Овој закон е дел од регулативата која ја бара ЕУ. Ова му е трето гласање на законот, откако по првото гласање тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да го потпише. Кога Стево Пендаровски стапи на фунција, законот беше повторно изгласан и тој го потпиша, но Уставниот суд го поништи, бидејќи не бил изгласан со доволен број гласови.

Законот обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Преку овој Закон земјата се доближува до меѓународните стандарди усвоени од ООН и Европската Унија, а граѓаните добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува еднакви услови за развој за сите.

Измените меѓу другото, предвидуваат членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да ги предлага посебна Комисија за селекција, составена од седум члена – по два пратеника од власт и од опозиција и тројца претставници од граѓанското општество, наместо тие да бидат на предлог на собраниската Комисија за избори и именувања.

Поврзани новости