Изгласан предлог Законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“

by Fokus

Со 62 гласа за и 1 против, пратениците денеска го изгласаа предлог-законот за дополнување на законот за основање на универзитетот „Дамјан Груев“.

Предлогот за дополнување е поднесен од пратениците Олга Најденовска и Драган Данев, а предвиздува дополнување на членот седум.

Со овие дополнувања се утврдува наставниот јазик кој согласно предлогот може да биде еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Образовната дејност може да изведува наставен кадар од универзитет од првите 500 највисоко рангирани универзитети, а се утврдува и начинот на полагање и оценување.

Поврзани новости