Изгаснат пожарот во “Глобал”, изгореа 10 дуќани

by fokus 08:55
08:55

Утрото е изгаснат пожарот кој избувна синоќа по 23 часот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.

Местото и натаму го обезбедува полицијата а присутна е и екипа на ТППЕ Струмица, која внимава да не дојде до нов пожар и интервенира на местата каде се појавуваат пламени јазици.

- Advertisements -

Според првичните проценки, од тоа што може да се забележи на местото на пожарот, изгорени се повеќе од десет продавници, внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, супермаркет во внатрешноста, а пламените јазици зафатиле и делови до третиот кат од трговскиот.

Поврзани новости