Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

by fokus

Пратеникот и член на ДУИ, Изет Меџити му испрати писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое го известува дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.

-Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво двоумење во себе, на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело. Различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, додека силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа. Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РСМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и заради не создавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, пишува во писмото на Меџити што го објави на својот Фејсбук профил.

Сепак тој нагласува дека останува приврзаник на политиките и идеалите на Ахмети и волјата на гласачите за да го остварат она што им го ветиле. -Ова беше и ќе остане мој идеал, а не личните позиции и привилегии, пишува Меџити.

Во јавноста веќе подолг период се погласно се зборува за превирањата во ДУИ, од една страна Меџити и од друга страна првиот вицепремиер, Артан Груби и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Меџити ретко се појавуваше во Сорбанието и најави интепрелација за Груби.

Поврзани новости