Издадена е осмата еврообврзница од 700 милиони евра

by Фокус

Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница во вредност од 700 милиони евра со рочност од седум години со каматна стапка од 1,625 отсто, соопшти Министерството за финансии. Од таму велат дека оваа еврообврзница ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра.

-Исклучително поволната каматна стапка, и покрај ковид-кризата, е резултат на понудентните макроекономски политики и зачуваниот кредитен рејтинг на земјата. Задржувањето на кредитниот рејтинг, а со тоа и довербата на инвеститорите, се должи на преземените политики и четирите пакети мерки за соочување со ефектите од кризата. Високата доверба на инвеститорите се манифестира и преку големиот број на инвеститори кои беа заинтересирани за купување на еврообврзницата, односно над 130 инвеститори сакаа да запишат двојно повисок износ од понудениот или побарувачката беше над 1,6 милијарди евра“, соопштија од МЗ.

Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.

Поврзани новости