Катица Јанева спроведена во „Идризово“ во женскиот дел

by fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева попладнево е спроведена во затворот „Идризово“ каде треба да почне да ја издржува седумгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврдува за „Фокус“ директорот на затворот, Јовица Стојановиќ.

Јанева ќе биде сместена во приемно, во женскиот дел од затворот, каде е сместена и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Гевгелискиот суд денеска издал налог за спровод на  Јанева од куќен притвор во затворот „Идризово“.

Судијката Злата Попова од гевгелискиот суд за „Фокус“ вели дека вчера во судот стигнале пресудите за Јанева и дека бил заведен предмет. – Денеска е изготвен акт за спровод на осудената за во женскиот дел од „Идризово“, актот е доставен до полициската станица, објаснува Попова.

Иако адвокатскиот тим на Јанева најави дека ќе бара одложување на казната, сепак се поизвесно е дека Јанева денеска ќе биде спроведена во „Идризово“. Вчера вечерта таму беше спроведен Бојан Јовановски кој е осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Ова следува откако Апелацискиот суд ги потврди затворските казни на двајцата осудени и пресудата за „Рекет“ стана правосилна.

Поврзани новости