Избришани глобите за медиуми, Владата изненадена од Селмани

by fokus 16:46
16:46

Од Владата информираат дека се повлечени измените во членот 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои предвидуват казни за медиумите во случај на непрофесионално известување. Владата ги укинува овие одредби по барање на Здружението на новинари на Македонија и со тоа, велат од таму, се покажува дека нема да се меша во уредувачките политики.

„Владата не е и нема да биде мотор на реформите во медиумите, туку само ќе помага со заеднички усвоените механизми. Последната верзија од Законот за АВМУ која ќе влезе во собраниска процедура, ќе биде добиена како резултат на препораките и забелешките на сите засегнати страни“, велат од таму.

- Advertisements -

Од Владата додаваат дека се сепак изненадени од реакцијата на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

„Одлуката за бришење на измените во членот 61, во текот на вчерашната јавна дебата беше поздравена и од претседателот Селмани, кој јавно потенцираше дека е задоволен што е прифатена неговата забелешка.  Поради тоа, изненадува, денешната изјава на Селмани, каде тој повторно ја обвинува Владата дека со измените во законот за АВМУ, се обидува да ги контролира медиумите“, додаваат од таму.

Велат дека, како и до сега, ќе останат отворени за конструктивни коментари и предлози, но и дека доколку медиумските работници одлучат дека не се потребни измени за Законот за АВМУ, Владата нема да инсистира на нив.

Фото: МИА

Поврзани новости