Избран нов министер во Владата

by fokus

По предлог на премиерот за спорведување на предвремените парламентарни избори Емил Димитриев, Собранието денеска за министер без ресор го избра Бејџан Иљас. Претходно од оваа позиција беше разрешен  Фуркан Чако.

Премиерот за спроведување на изборите Димитриев образложи дека Демократската партија на Турците во Македонија до него доставила допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице со образложение дека со него ќе има поефикасно функционирање на овој ресор којшто главно работел на соработката со Турција.

Новиот министер без ресор по професија е лекар специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово, советник во Општина Теарце и заменик претседател на Демократската партија на Турците.

Поврзани новости