Избодено момче на Косово: Ме нападнаа од зад грб!

by Фокус

Дваесет годишно момче, по националност Србин од селото Могиле, Општина Витина во Косово, било прободено со нож во рамото.

Повреденото момче за РТС изјавило дека тројца Албанци го нападнале од зад грб. Тој вели дека ги познава напаѓачите, кои, според него, се од неговото село.

-Денеска ме нападнаа Албанци кога се враќав дома. Тројца од нив ме нападнаа од зад грб. Ги знам напаѓачите, тие се од моето село – едниот има 12, другиот 17, а третиот 46 години – рече момчето.

Тој изјави дека повикал полиција, која дошла, но дека немало никој во близина кој би можел да сведочи.

Лекарите велат дека момчето има две убодни рани, но е во стабилна состојба.

Поврзани новости