Изби пожар во затворот во Шутка

by fokus

Во затворот во Шуто Оризари утринава изби пожар од се уште неутврдени причини. Според неофицијални информации огнот го опфатил притворското одделение на затворот.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески, ја потврди информацијата за „Фокус“.

Томески вели дека на терен биле пратени четири пожарникарни возила, а во гаснењето на пожарот биле ангажирани десетина пожарникари.

Пожарот е ставен под контрола и допрва ќе се утврдуваат причините.

Поврзани новости