Ивона Талевска барала Хан да ја дисциплинира Јанева

by fokus

Ивона Талевска во име на Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска побарала од еврокомесарот Јоханес Хан ЕУ да го дисциплинира Специјалното јавно обвинителство, пренесува Канал77.

– Европската комисија мора да внимава на СЈО кое работи по налог на СДСМ и Зоран Заев, кои откако јавно ги објавија имињата на нивните политички непријатели, продолжи да води хајка против една политичка опција и медиуми кои не се под контрола на СОРОС-изјавила Талевска.

На ова се спротиставила Уранија Пировска од Хелшинскиот комитет за човекови права на Македонија, бидејќи како што рече, личноста не е кредибилна да зборува за професионалноста на СЈО.

Инаку, Хан денешните средби ги започна токму со невладиниот сектор. Граѓанските организации побараа независно судско одделение што ќе работи на случаите на Специјалното јавно обвинителство, но претходно да се распушти Судскиот совет и повторно да се реизбере за да се обезбеди непристрасност.

Поврзани новости