Иво Вајгл со резолуција за Македонија: Да се обезбедат услови за работа на СЈО

by fokus

Известувачот за земјава во ЕУ, Иво Вајгл, во Европскиот парламент поднесе резолуција за Македонија во која се наведуваат загриженост за нападите врз Специјалното јавно обвинителство, жалење за уназадените реформи во судството, одреден напредок во реформирање на јавната администрација и поздрав на почитувањето на фундаменталните слободи на изборите во 2016 година.

Резолуцијата ќе се дебатира на триесетти овој месец во Брисел на закажаната сесија на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

-Се бара сите партии да покажат политичка воља за надминување на атмосферата на поделеност и да го рестартираат дијалогот, посебно нагласувајки ја улогата на парламентот во демократскиот развој на земјата и форум за политички дијалог и претставување. Се бара зајакнување на надзорните функции. Се бара непречена работа на собраниските комисии за прислушуваните разговори и контра-разузнавање, се вели во предлог резолуцијата на Иво Вајгел.

Поврзани новости