Иво Котевски останува директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Иво Котевски останува директор во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата функција во партијата останува иста откако соопштија од таму дека ќе го доекипираат Центарот со двајца нови портпароли, Наум Стоилковски и Димче Арсовски.

Како што вели Котевски, двајцата портпароли се поставуваат заради поголема отвореност на партијата кон јавноста.

Пред да стане гласноговорник на сега веќе опозициската партија, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт Котевски беше портпарол на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, односно помошник министер за односи со јавност во МВР.

Поврзани новости