Ивица Коневски повторно ставил “флешери“ на автомобилот, доби прекршочна пријава

by fokus

Доскорашниот градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски вчера заработи прекршочна пријава откако бил запрен од сообраќајната полиција бидејќи на предниот дел од неговиот автомобил „БМВ“, имал поставено „флешери“.

Пред една недела, Саше Ивановски на својот портал Мактел објави видео интервју со Коневски, на кое се гледа како на автомобилот има флешери. Тогаш Коневски ги извади, но повторно ги ставил. При вчерашната контрола полицајците на лице место ги извадиле флешерите.

-Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба, вакви уреди може да се вградуваат и употребуваат и на возила определени со акт на Владата на Република Македонија како и на возилата со право на првенство на минување.

Овие уреди може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела, соопштија од МВР.

Поврзани новости