Ивановска: Во Влада го поставивме прашањето за Закон за потекло за имотот

by Фокус

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска информираше дека днеска во Владата го поставиле прашањето на донесување на Закон за потекло на имот, кој, според неа, е системско решение за надминување на целата состојба во државата со имотот на функционерите.

-На тој начин ќе се избегне ризикот одредени функционери својот имот да го пријавуваат на туѓо име додека се на функција, а потоа да си го вратат на свое име – рече Ивановска на ТВ 24.

Во однос на испитувањето на имотната состојба на судиите и обвинителите, Ивановска рече дека доколку се утврди оти има зголемување на имотот, кој не соодвестува на месечните примања, тогаш одат на подлабока анализа или се обраќаат кај Финансиска полиција.

-Во планот за оваа година беа претседателите на судовите бидејќи немавме објеткивни критериуми да направиме избор на примерок за судиите. Имаме забелешки, тоа ќе се обелодени во годишниот извештај за 2020 година. Има слабости, не ги поднесуваат редовно анкетни листови, за почеток, за крај на функција, не ги ажурираат податоците при промена на имотна состојба што е законска обврска. Сето тоа е нотирано и за 3 случаи веќе се спроведува прекршочна постапка – нагласи Ивановска.

Поврзани новости