794
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната прес-конференција истакна дека се уште застапеноста на корупцијата е на високо ниво во Македонија.
,,Загрижувачки е повеќекратното именување на вршители на должност. Именувањето на в.д. директори се донесуваат во континуитет. Се именуваат директори без положен испит онаму кај што треба, Нема отчетност, изборот и разрешувањето се врзува со политичка гарнитура. Отсуство на почитување на материјалните закони”, истакна претседателката на ДКСК