Ивановска: Интервјуата за работа се користат за вработување на подобни кандидати

by fokus

Речиси 19 закони од областа на вработувањето во државата претставуваат системски слабости за борба против непотизмот се вели во последната анализа на Транспренси Интернешнл – Македонија „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во изјава пред новинарите рече дека прашањата поврзани со непотизмот предизвикале отворање на бројни предмети за работа во ДКСК, односно од 66 предмети за непотизам кои ги работеле произлегле многу точки кои покажуваат дека законската регулатива е прилично ранлива.

– За лицата кои што се вработуваат по Законот за работни односи, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификации на кандидатите. Комисиите за селекција и избор на кандидати немаат пракса да подготвуваат ранг листа, туку истите доставуваат список на кандидати кои ги исполнуваат условите, а тоа најчесто се сите оние кои што се пријавени. Интервјуто како завршна фаза во процесот на вработување најчесто се користи како основна алатка за избор на т.н подобни кандидати, рече Ивановска.

Поврзани новости