Ивановска: Го анализираме договорот со „Бехтел и Енка“, работиме со полна пареа

by Fokus

„Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците“.

Ова меѓудругото денеска го изјави претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска и повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.

„Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме“ – порача Ивановска од основното училиште „Братство” во Скопје.

ДКСК отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.

Поврзани новости