588
Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска рече дека таа и другите членови на Комисијата немале директни притисоци, но, како што рече, индиректно се чувствуваат одредени влијанија.
-Има влијанија од деструктивни сили кои умешно се приближуваат до секоја власт, па така и до оваа – вели Ивановска во емисијата Стадион на Канал 77.
Таа праша зошто веќе 3 месеци од изборот на новата влада не е донесена во парламентот Стратегијата за борба против корупцијата.