Ивановска: Борбата против корупцијата е многу тешка

by Fokus 11:26
11:26

Стратегијата е многу важен документ дотолку повеќе што со новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси е дадено посебно значење на стратегијата и тоа усвојување од страна на Собранието, со тоа Националната стратегија добива на тежина и станува повеќе прифатлива за сите чинители во општеството. Она што го презема Владата како акционен план и мерки е во насока на подобрување на капацитетите на институциите кои треба да бидат чинители да ја спроведат во дело Националната стратегија, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

-Борбата против корупцијата е многу тешка и голема борба во која треба да се вклучат сите страни, така што сите активности треба да одат во иста насока, односно кон расчистување со корупцијата, вели Ивановска во гостувањето на Утрински брифинг,

- Advertisements -

Таа изрази задоволство од расправата во комисиите во Собранието, оценувајќи ја многу конструктивна.

-Имаше забелешки, но сите беа согласни со утврдените состојби во Стратегијата и со мерките и активностите кои се предложени. Стратегијата се правеше на транспарентен начин, состојбите се детектирани и тоа е она што ја прави Стратегијата прифатлива од самите институции, вели Ивановска.

Поврзани новости