Иванов во вторник ќе им се обрати на пратениците

by fokus

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во вторник на пладне ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието. Датумот и тајмингот Иванов ги побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Во согласност со член 85 став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност“, стои во барањето.

Претседателот традиционално држи предновогодишен говор во Собранието, каде во минатото повикуваше на помирување и одговорност од сите политички партии.

Поврзани новости