Иванов: Вака не се води држава, нема да го потпишам указот за Законот за јазици

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов вечерва во своето обраќање рече дека тој нема да го потише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците кој денеска во тензична атмосфера беше изгласан во Собранието.

Начинот на кој по втор пат го изгласавте овој закон претставува институционално насилие и удар врз демократијата. Се надевам дека сте свесни за преседанот што го правите и за последиците и штетите по правото и правната држава, што во иднина можат да произлезат од овој преседан. Така не се води држава. Така не се остваруваат нашите стратешки цели. Така не се почитува Уставот, нешто на што се заколнавте при стапувањето на вашата исклучително одговорна општествена функција. Како Претседател на Република Македонија јас ова нема да го дозволам. Затоа, нема да потпишам Указ за прогласување на закон кој е донесен на ваков начин. Закон со кој се злоупотреби европското знаме, закон за кој не се водеше дебата по амандманите кои произлегоа од моите укажувања, закон кој се изгласа вон сите процедури, закон кој е противуставен и закон кој ги крши дадените гаранции. Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон, рече Иванов.

 

Поврзани новости