Иванов уште еднаш му даде поддршка на Ердоган

by fokus 19:42
19:42

Претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На средбата двајцата претседатели разговарале за актуелните политички и економски состојби во двете земји и се договориле за зајакнување на билатералните односи.

 Претседателот Иванов повтори дека владата на  Македонија ja поддржува демократски избраната влада на Република Турција.

Иванов порача и дека е „подготвен да ги поддржи иницијативите што можат да придонесат кон градењето на добрососедските односи”.

Во соопштението од Канцеларијата на претседателот, не е прецизираното дали се разговарало за барањата на Анкара-Македонија да ги органичи активностите на противникот на Ердоган, Фетулах Ѓулен.

Провладините медиуми веќе објавија дека владата на последната седница донела одлука за затворање на „ѓуленистичките” институции во земјава. Од Владата се уште молчат на ова прашање.

Ниту од вчерашниот непрецизен одговор на шефот на дипломатијата Никола Попоски не може многу да се открие, освен дека е зборувано за тоа барање на Анкара. Тој вчера рече дека „владата има донесено одлуки, a сите одлуки кои би ги носеле и ќе ги носат ќе бидат во согласност со нашето законодавство и нашите национални интереси“.

Поврзани новости