Иванов: Целиот систем на разузнавачки служби беше текстонски пореметен од Верушевски

by Fokus

Граѓаните треба да бидат спокојни и да имаат доверба во нашите институции и служби, порача претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за „Дневник“, коментирајќи ја актуелната безбедносна состојба во земјата.

Според него, како земја се соочуваме со постојани и директни закани по безбедноста, но сега сосема е поинаква безбедносната состојба и нашата реалност.

-Целиот тој систем на разузнавачки служби на некој начин ни беше тектонските пореметен од активностите на Верушевски и неговата група. Но го издржавме тој удар и следат реформи во тој сектор. Мигрантската криза беше и шанса да ги видиме капацитетите со кои располагаме во овие служби, сега откако Верушевски не е влијателен таму. Многу ни помогна и тоа што го активиравме кризниот менаџмент. Состојбите на безбедносен план навистина се поинакви и граѓаните треба да бидат спокојни – вели Иванов.

Поврзани новости