Иванов сепак ставен на агендата на Хојт Ји

by fokus

Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017, ја најавија неговата посета од американската амбасада во Скопје.

„Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција“, пишува во соопштението.

Пред само три дена од Кабинетот на претседателот Иванов соопштија дека поради претходно испланирани обврски, тој немал воопшто време да се сретне со американскиот дипломат. Но, сега и средбата со него е наведена во агендата на Хојт Ји.

За заклучоците и ставовите по средбите со сите политичари, заменикот државниот секретар Ји ќе даде изјава за медиумите на 1 мај попладне.

Поврзани новости