Иванов: Претседатели на држави ме информираа за сценаријата во Македонија

by Fokus

Шефот на државата Ѓорге Иванов во интервју во Дневник истакна  дека „претседатели на држави“  го информирале за сценарија во Македонија, но одби да ги именува.

– Не само што сме перманентно известувани од партнерските служби, туку и претседатели на неколку држави лично ми соопштија детали за сценарија што се подготвувани за Македонија и за она што допрва не очекува. Има информации и од нашите служби кои сега не можам да ги соопштам јавно. Треба да се знае и дека беа мобилизирани и активирани и одредени криминални структури и поранешни затвореници за да прават нереди и насилство во државата. Нашите служби заслужуваат пофалба за тоа што информираа и превенираа навреме – вели Иванов, во интервју за весникот „Дневник“.

Поврзани новости