Иванов: Политичките субјекти да се однесуваат разумно и одговорно!

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов, по неколку дена од објавувањето на аферата за прислушувањето, се огласи во јавноста. Тој повика на разумно и одговорно однесување.

„Ја изразувам мојата целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење на активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела. Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија“, се наведува во соопштението на претседателот Иванов.

Претседателот, додава и дека како демократска држава мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството.

„Истите мора да се решаваат по институционален пат. Улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и државата. Во остварувањето на оваа улога ја имаат мојата целосна поддршка“, вели претседателот.

Поврзани новости