Иванов: Никој не го спречува Собранието да го повтори направениот преседан

by fokus

Никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот, велат од Кабинетот на Иванов на реакциите од власта за неговата одлука да врати изгласани закони назад до Собранието.

-Противуставно и на незаконски начин, без потпис од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во Службен весник веќе беа објавени укази за прогласување на закони донесени од Собранието. Оттука, никој не го спречува Собранието да го повтори веќе направениот преседан, посочуваат од Кабинетот на Иванов.

Поврзани новости