Иванов: Никогаш нема да се согласам Македонија да биде бинационална држава

by fokus

Никогаш нема да се согласам Македонија да биде бинационална држава, истакна претседателот Ѓорге Иванов, во своето годишно обраќање.

„Македонија е унитарна држава на сите нејзини граѓани. Слушам дека се бара двојазичност, тоа е затворено со аманданот број 5. Службената употреба зависи од статистиката, а единствен начин за добивање на точна статистика е пописот. Без попис на населението неможе да се бараат права што произлегуваат од статистиката“, рече Иванов и додаде дека недозволиво е некои лидери да ги ставаат на преговарачка маса интерсите на државата.

„Во име на граѓаните ги предупредувам да внимаваат што прават, да не помислат во постизборните комбинаторики да разговараат и да преговараат за државните интереси. Никој нема мандат да ја прекројува државата“ рече Иванов.

Новата влада, порача Иванов, треба да има два приоритети – заштита на државните интереси, што подразбира зацврстување на унираниот карактер на државата и реформа на системот за безбедност на државата – разузнавањето, армијата, граничната полиција да се трансформираат за да ја заштитат националната безбедност на државата.

Поврзани новости