Иванов нема да го потпише указот на законот за јазици оти бил неуставен

by Fokus

Претседателот Ѓорге Иванов нема да го потпише указот на новиот закон за јазици, што пред неколку дена го усвои парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ, во отсуство на пратениците од опозициското ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фокус.

Нашите извори велат дека Иванов одлучил да го врати овој закон на одлучување назад пред пратениците, бидејќи, според него, тој во голема мера е спротивен на Уставот.

Се очекува тој на прес-конференција во претседателската вила на Водно таксативно да наведе кои делови на законот се спротивно на највисокиот политичко-правен акт.

В.С.

Поврзани новости