Иванов: Не одам ниту на спиење без краватите на Вале

by lali

Секој претседател има свој моден стил кој треба доследно да го негува. Мојот се црвени и бордо кравати и јас сум буквално зависен од нив, вели претседателот Ѓорѓе Иванов, кој само минатата година на кравати потрошил пет илјади евра.

– Мој омилен креатор е Вале. Толку ми ги погодува краватите што, еве ќе признаам за читателите на “Коза ностра”, не можам ниту на спиење да одам без нив. Термофор, космодиск и кравата, тоа е мојот рецепт за мирен сон – открива шефот на државата.

Тој вели дека потрошените пет илјади евра не се ништо во споредба со задоволството што го пружаат краватите и вети дека ќе ги износи за сите пари, за на народот да не му е криво што плаќа даноци и казни за оваа негова мала пасија. Тој вели дека со едно намигнување се разбираат со Маја која кравата да ја стави за во текот на денот, која за попладневниот одмор, а која за мирен сон.

Поврзани новости