Иванов на средба со странски амбсадори

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов оствари средба со амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот Аиво Орав, претставник на мисијата на ОБСЕ, Мариан Берц и шефот на канцеларијата за врски на НАТО, Румен Радев, кои размениле мислења и информации околу актуелната политичка состојба во државата и евроатланските интеграции на земјава.

Во соопштението од претседателскиот кабинет стои дека Иванов истакнал оти дијалогот останува единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици и сите општествени фактори имаат одговорност за интересите на граѓаните и на државата.

„Претседателот Иванов потенцира дека евроатлантската интеграција на Македонија, не само што претставува највисока стратешка цел за земјата, туку истата има огромна кохезивна и трансформирачка моќ во македонското општество“, стои во соопштението.

Поврзани новости