Иванов на средба со Могерини: Стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси

by fokus

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-а Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија.

На средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

-Претседателот Иванов истакна дека и понатаму ќе ги поддржува европските и евроатланските интеграции на Република Македонија кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но истовремено порача дека стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ, соопштија од Кабинетот на Иванов.

Иванов го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“.

Поврзани новости