Иванов му порачал на Туск дека нема да дозволи изградба на бегалски кампови во Македонија

by Фокус 20:16
20:16

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, при денешната посета на Македонија се сретна со претседателот Ѓорѓе Иванов. На средбата се разговарало за справување со бегалската криза, а македонскиот претседател повторил дека на територијата на Република Македонија нема да се дозволи да се градат бегалски кампови, информираа од Кабинетот на Иванов.

-Немаме никаков интерес целиот товар да падне само на Грција, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета, му рекол Иванов на Туск.

Високиот функционер од Брисел бил запознаен и дека се зголемуваат обидите за насилно влегување на бегалци во Македонија, се употребуваат фалсификувани пасоши и документи на ФРОНТЕКС, се зголемува насилството врз безбедносните сили и се доведува во прашање не само националната безбедност, туку и регионалната стабилност.

Поврзани новости