Иванов му честиташе на Трамп и му се пожали за неправдата врз Македонија

by fokus

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов испрати честитка до Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и му порача дека Република Македонија придава исклучително значење на стратегиското партнерство со Соединетите Американски Држави, а заложбата за негово понатамошно зацврстување претставува посебен интерес.

-Во нашите 25 години независност и сувереност, пишува понатаму, Република Македонија долго време се соочува со неправедна и со непринципиелна блокада на нашиот европски и евроатлантски пат. И како што на светот му треба поредок, така нам ни треба консолидирање на мирот, поголема стабилност, безбедност и демократија во регионот. За постигнување на овие цели, потребна е интеграција на Република Македонија и на целиот регион во НАТО и во Европската Унија, но и почитување на меѓународното право. За постигнување на овие цели, особено значајна е поддршката од САД, му напиша Иванов на Трамп.
Македонскиот претседател во честитката вели и дека е длабоко уверен дека САД под лидерство на Трамп ќе и помогне на Македонија за исполнување на стратешките цели.

Поврзани новости