Се уште е неизвесно дали поранешниот премиер Никола Груевски денеска сам ќе отиде во истражниот затвор “Скопје”, или пак од утре по него по налог на судот ќе трага полицијата. Груевски може да куртули од затвор доколку Врховниот суд, позитивно одговори на неговата молба за одложување на издржувањето на казната затвор, но сепак таа најпрвин треба да пристигне во судот, бидејќи е „заглавена“ во Кривичниот суд.
Поточно, барањето за одложување е испратено оддамна, но се уште не е пристигнато во Врховниот суд, бидејќи предметот за „Тенк“ е во Апелација, поради жалба поднесена од Гордана Јанкулоска.
Последната сламка за спас на Груевски е кај претседателот Ѓорге Иванов, кој може да го помилува. Ова право на претседателот му го дава Законот за помилување.
Според него, постапката за помилување се поведува по молба на осуденото лице или по службена должност, кое оди преку Министертвото за правда.
Освен лично Груевски, молбата во негово име може да ја поднесе и неговата сопруга Боркица, роднина по крв во прва линија, на пример Сашо Мијалков, брат, сестра, посвоител, посвоеник, хранител или старател, односно неговата мајка Нада.
В.В.