Иванов: Кога се работи тимски, се постигнуваат резултати

by Фокус 11:06
11:06

– Имаме еден глас кога ја претставувавме државата, а не како порано, секоја институција да има свој став и свое гледање. Покажавме дека кога се работи тимски се постигнуваат резултати и доаѓаат признанија. Граѓаните за овие изминати години добро можат да направат разлика. Кој ја почитува, кој ја сака државата, а кој мисли само на себе. И затоа мотото на мојата кампања е дека државата ни е пред се, оти Македонија ни е пред се, рече Иванов.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак, пред насобраните граѓани, меѓу другото, зборуваше и за својот противник Зоран Заев. Иронично забележа дека Заев се плашел, па затоа неговото име не се нашло меѓу кандидатите за идни пратеници.

- Advertisements -

-Не дај боже да е на некоја главна функција во државата, премиер на пример, и да се најде земјата да се соочи со некој поголем предизвик, кога ќе фати да бега како што бега сега од народот, само прашина ќе остане, рече Груевски.

Поврзани новости