Иванов ќе се обрати во 16,30 часот

by fokus 16:49
16:49

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 16, 30 часот ќе им се обрати на граѓаните, соопшти претседателскиот кабинет.

Иванов денеска требаше да му го додели мандатот за нова влада на Зоран Заев, лидерот на СДСМ кој во понеделникот достави 67 потписи. Наместо тој чин, претседателскиот кабинет информира за попладневно обраќање на Иванов.

Согласно Уставот, мандат за состав на Влада, добива партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство во парламентот.

Поврзани новости