Иванов ќе приреди прием за дипломатскиот кор во Струга

by fokus

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во 19 часот во хотелот „Изгрев“ во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија.

На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, г. Олег Шчербак.

Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор, утре ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е предвидена посета на црквата „Св. Никола“ и на Вевчанските извори.

Поврзани новости