Иванов ќари меѓународна награда за европски државник

by fokus 11:43
11:43

Наградата „Иса бег Исаковиќ, што Босна и Херцеговина секоја година ја доделува на европски државници, оваа година ја доби македонскиот претседателот Ѓорге Иванов.

Во образложението на одлуката на комитетот стои дека, лауреатот Иванов е хуманист, доктор на правни науки, чиј целокупен опус е насочен на изградба на демократијата во поделените општества.

- Advertising -

– Оваа награда ја примам како признание за Република Македонија и за македонските граѓани. Ова признание е особено значајно бидејќи е посветено на голем визионер кој зад себе оставил трајни материјални и духовни мостови на мир, соживот и соработка – изјави претседателот Иванов по добивањето на наградата, што синоќа му беше врачена во Националниот театар во Сараево.

Наградата го носи името на основачот на Сараево, Иса бег Исаковиќ, кој во 1462 година го втемелил градот на приципите на еднаквост, мултикултуралност и мултирелигиозност.

Поврзани новости