Иванов: Јас и Груевски немаме работно време – постојано работиме!

by Фокус 10:18
10:18

За мене како претседател на Република Македонија и за владиниот тим предводен од премиерот Груевски нема работно време. Постојано работиме за да создадеме подобри услови во Македонија, изјави вчера Ѓорге Иванов, кандидат за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Берово.

– Денес стоиме пред вас како тим, и повторно ја бараме вашата доверба за да продолжиме да работиме со ист интензитет. Денес стоиме пред вас, подготвени да работиме за нов мандат, да реализираме уште илјадници нови проекти, да отвориме уште десетици илјади нови работни места, за нашите деца, за нашата иднина. На 27 април, вие го имате последниот збор. Вие носите одлука како ќе изгледа Македонија во следните години. Вие одлучувате дали ќе има соработка меѓу институциите, дали ќе има напредок и просперитет на државата, или повторно ќе имаме конфронтации, блокади, лични и тесни партиски интереси. Вие одлучувате како ќе се штитат државните интереси – изјави Иванов.

- Advertising -

Поврзани новости