Иванов: Иницирав политички дијалог за важните државни прашања

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов во денешното годишно обраќање пред пратениците во парламентот истакна дека постизборното коалицирање и формирање влада станало заложник на платформа на туѓа држава. Тој повтори дека таканаречената Тиранска платформа претставувало мешање на туѓа држава во внатрешните работи во Македонија.

-Откако се надминаа политичките и правните пречки, доверив мандат за формирање на влада, откако добив гаранции за зачувување на територијалниот суверенитет, унитарноста и мултиетничноста на Македонија – рече Иванов.

Претседателот на државата се пожали дека јавната сфера е контаминирана со лажни вести, од кои, како што рече и самиот било жртва.

-Објавуваа дека сум планирал да прогласам воена состoјба за време на политичката криза, без да прочитаат што предвидува законот во таква ситуација – рече тој.

Иванов нагласи дека иницирал дијалог меѓу власта и опозицијата за консеунзус околу државните прашања, бидејќи, според него, мора да се негува културата на дијалог.

Поврзани новости