Иванов им порача на младите лидери да не веруваат во црните сценарија

by fokus

Заврши осмата Школа за млади лидери во Охрид која е во организација на Ѓорѓе Иванов. Претседателот вечерва на учесниците им ги додели сертификатите и им порача да не веруваат во црните сценарија.

Иванов им рече на младите лидери да не веруваат на ниту едно од предвидувањата за некакви црни сценарија за кои времето покажа дека не се оствариле туку напротив – самоуверено да чекорат напред низ животот исполнет со многу нови сознанија, технологии, вештини во кој, како што забележа „ќе доминира биологијата заедно со нано-технологијата, во време кога информатиката вмрежена со вештачката интелигенција ќе нуди одговори на прашања и на предизвици за кои претходните генерации не ни замислувале дека човекот може да навлезе во тие сфери.

-Пристигнавте на првата станица од ова патување, на школата наречена живот во 21 век. Се надевам дека вашите предавачи ви помогнаа да осознаете кои се предизвиците на ЕУ, што се случува во САД, што е позадината на успехот на Кина, каков ќе биде светот во кој ќе живеете. Користете го стекнатото знаење, споделувајте го, применете го и на тој начин бидете успешни, бидете позитивен пример за другите, исполнети со надеж за животот што стои пред вас, им порача Иванов на учесниците на Школата.

Поврзани новости