Намамувајќи го унгарскиот премиер Виктор Орбан да дојде во Македонија за наводно да му дадеме орден, Иванов всушност го натера шефот на унгарска влада да дојде на местото на злосторството и да објасни што имале обвинетите во случајот “Шпион” да шпионираат за Унгарија. Наместо орден, како што е ред, му врачи протесна нота.
Како што јавноста добро памети, во информациите за приведувањата за “Шпион”, доброинформираните провладини Дневник и Курир објавија дека “Грчката и унгарската разузнавачка служба биле топ клиенти на ‘Шпион’” (Дневник), односно “Шпионите соработувале со грчката и со унгарската тајна служба” (Курир).