Иванов го повика Нухиу да го појасни сценариото за воведување воена состојба

by fokus

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов го повика министерот за внатрешни работи Агим Нухиу да ги појасни податоците и информациите искажани на ден 11.05.2017 година во интервју за  Алсат М телевизија за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена (член 124 од Уставот на Република Македонија) или вонредна состојба (член 125 од Уставот на Република Македонија) од страна на претседателот и употреба на АРМ, поврзани со насилниот влез во Собранието на  27.04.2017.

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија смета дека во јавноста постои опсесија со лажни вести да се изврши делегитимирање на институциите, односно на Претседателот на Република Македонија“, се вели во реакцијата.

Во интервјуто за емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат-­М, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, повикувајќи се на гласини, посочи на наводен план за употреба на Армијата за време на случувањата во Собранието на 27 април.

„Има гласини што се уште не можам да ги потврдам дека полицајците се повлекле во вршењето на законските обврски, затоа што слушале од други дека треба да чекаат уште малку за да може потоа и претседателот на државата да дава наредба за излегување на војската, да се прогласи вонредна состојба и така натаму, но овие се прашања кои ги има во рамките на службите во МВР, но не сакам да потврдам такво нешто затоа што се уште ги немаме аргументирано“, изјави министерот Нухиу.

Поврзани новости