Иванов досега потрошил половина милион евра за кампања!

by lali 12:32
12:32

Околу 230 илјади евра се собрале од донации до десетиот ден од  изборната кампања на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, покажува извештајот поднесен до Државната комисија за спречување на корупцијата. Градоначалници, министри, козметички студија и други компании одвојувале од својот џеб од 5.000 до 140.000 денари за кампањата на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако за локалните избори донациите за ВМРО-ДПМНЕ изнесуваа точно 60.000 денари по донатор, сега ситуацијата е малку поинаква. Градоначалниците и министрите во случајов биле поштедливи. Па така, поранешниот министер за правда Михајло Маневски одвоил 10.000 денари за кампањата на Иванов. Од актуелните министри, до десетиот ден на кампањата донирале министерката за култура Елизабета Канческа Милевска со 30.000 денари, Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски со 34.000 денари и Диме Спасов, министерот за труд, со 30.000 денари. Заменик министерот за одбрана Емил Димитриев донирал 28.500 денари, Есма Реџепова, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје донирала 10.000 денари, а Владо Мисајловски, државен секретар во Министерството за надворешни работи донирал 25.000 денари. Јован Андоновски, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања донирал 27.200. Пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ одвоила 35.000 денари од својот буџет за кампањата на Иванов.

- Advertisements -

Од актуелните градоначалници за кампањата на Иванов како донатори се јавуваат следните:

Никола Бакрачески, Охрид – 30.000 ден

Петре Латиновски, Бутел – 25.000 денари

Славчо Чадиев, Велес – 32.000 денари

Александар Панов, Кавадарци – 28.000 денари

Билјана Беличанец, Кисела Вода – 30.000 денари

Владимир Талески, Битола – 33.500 денари

Арсенчо Алексовски, Крива Паланка – 25.000 денари

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар Даниела Рангелова била поштедлива, па донирала 6.400 денари.

Интересни се и компаниите што донирале за кампањата на Иванов. Па така, како донатор со 30.000 денари се јавува козметичкото студио „Две срца“. Најмногу пари донирале две фирми – Манија пет ДООЕЛ со 120.000 денари и Еми Нико ДОО со 140.000 денари.

До десетиот ден за кампањата на Иванов донирале вкупно 595 лица и компании.

Иако од донации биле собрани околу 230.000 евра, кампањата на Иванов досега чини половина милион евра, од кои најголемиот дел се потрошени за реклама и за пропаганда. За изборната кампања на кандидатот од СДСМ Стево Пендаровски досега се потрошени 92.000 евра, а за кампањата на кандидатот од ГРОМ Зоран Поповски само 500 денари. Илјаз Халими од ДПА, според извештајот поднесен до Антикорупциската комисија, во првите десет дена од кампањата нема потрошено ниту денар.

 

Поврзани новости