Иванов до Фрчкоски: Јас не сум тоа што си ти!

by fokus

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија реагира на изјавата на професорот Љубомир Фрчкоски дадена вчеравечер во емисијата  „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Сметаме дека ваквиот однос на Фрчкоски кон Претседателот на Република Македонија е резултат на личен анимозитет, како и последица на неговите лични фрустрации поради доживеаниот пораз на претседателските избори, токму од страна на претседателот Иванов. Сметаме дека Љубомир Фрчкоски е најмалку повикан да го обвинува Претседателот Иванов. Дали треба да ја потсетуваме јавноста на веќе укажаните сведоштва дека Фрчкоски е архитектот на политичката полиција и криминализирање на Службата за безбедност во Република Македонија на штета на националните прашања? Дали непрофесионализмот, кршењето на човековите права и владеење на подземјето е неговиот печат во управувањето со институциите? Дали Фрчкоски смета дека јавноста заборави за криминалните и неморалните дела од неговото владеење?“, пишуваат од кабинетот.

Од таму додаваат и што му порачува Иванов на Фрчкоски.

 „Јас не сум тоа што си ти. Кој си ти е опишано во мемоарите на поранешниот претседател Киро Глигоров и поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов“.

Од кабинетот на Иванов очекуваат од Јавното обвинителство да реагира, како што велат, на сите досегашни изјави и сведоштва за улогата на Фрчкоски во атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Инаку, во вчерашната емисија на ТВ24, Фрчковски изјави дека може да се случи брз импичмент и судење на претседателот за настаните од 27 април, ако се утврди дека Иванов бил вмешан во сценариото за прогласување воена состојба.

Тој изјави дека ако Албанците кои наводно биле наоружани и го поминеле мостот, работата би отишла предалеку, но смета дека Американците интервенирале во последен момент.

Поврзани новости