Иванов денеска на средба со лидерите

by fokus

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се сретне со лидерите на политичките партии, а ќе се раговара за актуелната политичка состојба.

Средбата со лидерот на Беса треба да се одржи во 12 часот, со претставниците на „Алијанса за Албанците во 13 часот, со претседателот на ДУИ во 14.30 часот, а со претседателот на СДСМ во 16 часот.

Средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Иванов ќе има во 17.30 часот.

 

Поврзани новости