Иванов денеска ќе и се обрати на јавноста, средбата со Заев и Димитров траела две минути

by fokus

Од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, информираат дека денешната средба со премиерот и министерот за надворешни работи траела две минути. Од таму најавуваат обраќање на претседателот во текот на денот.

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Никола Димитров. Информираме дека средбата траеше две минутиВо текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија“, посочуваат од таму.

Поврзани новости